Русија по македонското прашање толку пати има објавено владини соопштенија, толку пати се правени претставки до бугарската и до турската влада по нашето прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така, на пр., во едно писмо од бугарскиот „трговски агент” од Солун А.Шопов од 26.10.1903 год. до бугарскиот министер-претседател Р.Петров меѓу другото се вели: „Некои кругови на овдешнава Внатрешна организацнја сѐ почесто и посериозно зборуваат дека некои од началниците на таа организација влегувале во спогодба со српската влада или со некои кругови во Белград за заедничко дејствување во Македонија, но со јасни разграничувања на интересните сфери.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
70. Така, на пр., во писмото од Главниот штаб на Востанието од 9.9.1903 год. до бугарската влада настојчиво се бара „најефикасна помош со војна”, како „патриотско замешување”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Слични тврдења соопштува и Е.Спространов во своите писма до бугарскиот министер-претседател Р.Петров од 13 и 24.11.1903 год., а тоа го потврдува и Ј.Ангелов во своите спомени во „Македонско знаме” (9.9.1946, 2).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
13. Веројатно се мисли на Промеморијата на Русија и Австро-Унгарија од 15.9.1903 год. што била испратена не само до потписничките на Берлинскиот договор, туку и до турската и до бугарската влада, бидејќи последниве всушност го спречувале исполнувањето на Февруарските реформи, па дури се обвинувале дека придонесле за кревањето на Востанието во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)