до (предл.) - под (предл.)

Додека тие така се умееја што да прават, едно девојче ја фаќаше мајка си за прцлето што ѝ паѓаше до под појасот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога попладнето отидов кај Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, стрико Мијо го најдов како ги обува опинците и со ремичките на крст ги врзува и стега белите објала до под колениците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Обично бате Јоле си играше во дворот од конаците околу црквата или тука некаде кај гумното и најмногу ако се оддалечеше до под конаците.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дури и ведна со главата до под гранката како да ќе ѝ подаде рака да ја поткрене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во она време постоеја бунди од лажен астраган, црни, долги до под колена, демек „миди“ мода, и немаше жена што немаше таква.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Долу, до под самите наши нозе, удираа малите бранчиња на езерото, тивката плима и осека.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
После сите ми стегаат рака и со чудење ме гледаат во мевот, кренат до под гуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До под гуша ни се искачуваат јаболката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се принамести разнишувајќи ги колковите, се наведна, се фати за двата долни краја на футата и ја затегна до под колена, па ја замазни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во појасот тој стави пиштоли, на колкот јатаган и на главата кожениот калпак на деда Гера, којшто го поклопи до под носот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кожата ми се крева до под колена и ме чеша, ме јаде под завојот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)