до (предл.) - над (предл.)

Како обично, го испрати до над куќи и на разделување му повтори: - Побратиме знаеш кој пат ти е фатен?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секако на патот од спутникот до електронскиот мозок ќе ве сопрат и други занимливости, особено модната ревија „вреќата“ и „трапезот“ им го отстапиле местото на фустаните до над колената, на она што пред десетина години беше во мода, како и атомиумот и сѐ што е пред вас ново.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одам, брзам но тешко е за одење. Снегот на ридот фаќа до над колена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ја пикнав раката до над лактот под карпата, ширејќи ги прстите да дофатам некоја риба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јован Ѓуров како орел на мрша се прибра до над село и чекаше да се истави волкот за да долета да колвне некој сокол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Двајцата покажуваа нешто по должината на брегот, се вртеа повремено кон Тврдината, потоа слегоа по скалите до зајадливите бранчиња на реката што удираа на бетонот, едниот клекна и ја пикна раката во водата, си ја накваси до над глуждот и со дланката си помина по челото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ќе слезе до над Мравевци и ќе застане тука, кај црквичето, ко запалена копа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)