до (предл.) - тело (имн.)

На неа долга вечерна облека, припиена до телото, оцртува дражесни форми: бели, меки рамена, - дојки не многу големи, обли, во чудесно единство со нејзината не многу висока става.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рацете држи си ги до телото. Оди брзо или трчај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почувствува нов бран на пот како ја облева и ги залепи рацете до телото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако некој ти се приближи, на пример ако дојде на 10 стапки од тебе, речи, „Вешто ракувам со полуавтоматско оружје.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не гледај низ прозорците на коли кои успоруваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако наидеш на кучиња, оди полека, инаку ќе те бркаат. Раката нека ти биде врз чантата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се направи дека божем си ја чеша брадата од рамото и продолжи да пишува, ама не беше сигурна дека нешто почувствувала.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Божилак од тоалети - припиени до телата: тесни, затворени и широки, обгрлени, - трепери, мами... Раздраган, свечен шум...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)