до (предл.) - свиок (имн.)

Тој притисна на гаста и ние јурнавме назад; дојдовме до свиокот и тој застана; го насочи фарот кон колата, но ништо не можеше да се види внатре, освен две силуети што се раздвоија кога фарот блесна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Колата од каде што се откачила и натаму јуреше, сѐ до свиокот, и таму, со влучени предни светла се задржа за миг, пред да се урне во реката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Возот писна и тргна. Баба ни мавташе и сѐ до свиокот се гледаше растреперено бело крпче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
До свиокот одзад карпата само двапати се свртеа - за уште две виѓавања.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Што сега? Почнав да се искрадувам од сокак во сокак, од свиок до свиок, од сенка до сенка - да ги избегнам патролите, полициски и воени.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)