до (предл.) - претседател (имн.)

Јоже беше визионер илуминатор и милионер пример за секој млад пионер идол на секој дрт пензионер Од машинбравар до претседател пцуел по Бога народ не пател секој што мрчел камења кршел кој не го љубел Идризово му судел Ако си серел по Јоже Броз ќе си ги видел Удба и Кос ако си кажал за него штос ќе си се убиел згазен под воз Работа имаше сѐ беше в ред Германија, Либија се одеше гурбет бизнисот цутеше динари грст се шверцаа фармерки дури од Трст Народот жали по златното доба Центро и Славија пукаа од роба полутки, одмори, тринаести плати на Водно се градеа луксузни палати
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во април се одржа второто рочиште на кое, по барање од судечкиот судија да се достави доказ за писмен отказ, тужената страна достави само обична е-порака испратена од координаторот (надредениот) до претседателот на организацијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поточно овој противзаконит акт беше обично Известување бр. 04-777 испратено од секретарот на „Дервен“ до сметководството и благајната на претпријатието – кое се однесуваше на сите вработени кои имаат решение за инвалиди на трудот6 и кои работеа со скратено работно време, а со штуро образложение дека веќе „не им следува такво право“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кирова, најпрво, испрати писмено барање до претседателот на синдикатот во кој членуваше – со цел да се разгледа нејзиниот проблем.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првото рочиште во март се одложи поради неможноста на адвокатот да присуствува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Беа прочитани и протестни писма упатени до претседателот на Владата на Собранието на Република Македонија и до Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)