до (предл.) - последен (имн.)

Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во ова претпријатие, каде што Н. Н. во својот долгогодишен работен стаж има работено на повеќе, претежно административни позиции (од книговодител, благајник, архивар, преку магационер на терен, комерцијалист, па сѐ до последното работно место – контролор/ евидентичар).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот Н. Н. од Скопје (сега 58-годишен) беше вработен на неопределено време во ОП „Водостопанство Вардар“ – Скопје, кое се занимава со производство бетонски блокови, вадење и дистрибуција на песок, нискоградба, улици и патишта, како и одржување на системи за наводнување и одводнување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
До последниот здив, до последното затворање на очите ќе ме мачи тоа прашање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Леле, се креваш, небаре полетуваш со авион.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Паркингот пред СКОПЈАНКА беше исполнет до последното место.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како нешто да те поттурнува. Се качуваш, качуваш... качуваш...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе седиме сѐ до последното догорче и до првите зраци темнина.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)