Нема ништо живо, освен селската чешма и две старици, забрадени со црни шамии до очите и наведнати над водата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Со нежен насмев кој заблеска дури до очите на самовилата, и уште понежен глас, тој одговори: - Ако е речено од господа и од кралот Вок со едно око “печеното“ ќе си дојде само по себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Излегуваме пред бараките, а таму нѐ чека Рјазин, со натегната шубара до очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Римелот во раката ѝ остана на половина пат до окото што имаше намера да го намачка.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)