А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите: „Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин“, Сите давии зборуваа само едно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Толе го виде со две пушки и му се израдува до лудило.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се разбра работата по цело Битолско — Прилепско Поле, а во Мариово веќе слабо се решаваа Турци да навлезат во помал број.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
О'Брајан го измачуваше до лудило и за кусо време - во тоа беше сигурен - ќе го испрати и во смрт. Но тоа не беше важно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Второ значење на идиотизмот: безумие кое достига до патологија, незрелост која достига до лудило.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој понижувачки пораз и незапреното повлекување на италијанската војска на албанска територија што командата во Рим и самиот Мусолини ги доведуваше до лудило, беше прекинат со нападот на Германија врз Грција.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не само тоа, туку и другите нововековни непријателства околу превласта на двете држави над просторите на Медитеранот, една од одмаздите на италијанските окупаторски сили на островот, се случи токму врз митрополитот на Закинтос, владиката Хрисостом, виден духовник, интелектуалец, но и човек чија смелост го одржуваше достоинството и надежта на населението.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не ли е човекот едновремено и најлогичната и најмалку логичната метафора за Бога?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дали маниристот воопшто може да се спаси од демонскиот порив на постојано интензивирање сѐ до лудило, за еднаш себе си да може да се види во огледало, а не огледалото да го репродуцира во неговата самобендисаност и изворен грев, да го покаже ненашминкан? (...)
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)