до (предл.) - колиба (имн.)

Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Многу ретко ќе се случеше волци да нападнат добиче или да се доближат до колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ајде, ајде, ќе те однесам до колибине, ќе те згреам, не е уште време да те плачат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Наеднаш, некаде сосем близу до колибата, од горната страна, чу уште еден виеж.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)