до (предл.) - информација (имн.)

Така во просветителството прв пат со помош на методична обдукција добиваме достапност до информацијата, а таа постапка се продолжува и степенува сѐ до денес, кога обдукциската информација станува и естетска, кога внатрешноста на желудникот може да функционира како естетска слика затоа што рефлектира некоја друга физикалност, некоја друга реалност, други линии и црти, а исто така пружа и специфична естетска угода што најлесно можеме да ја наречеме угода на интеракција, односно задоволство поради тоа што сме присутни на далечина.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Беше дојден до информацијата дека еден од најумните од врвното југословенско раководство, кој како татко ми многу читал, во кого најмногу верувал и самиот Водач, а во еден период дури и Сталин, своевремено, додека се занимавал со одгледување и откривање на печурките, особено од својата родна северна република, помислил да ја ослободи земјата од козарите и да ја претвори во цветна градина со безброј печурки!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мем- идејата не е нова. Контракултурите одат наназад најмалку до Хермес Трисмегистус, и ги опфаќаат Сократ, Парацелзус, Ренесансата, Волтер, Емерсон, Торо, Дадаистите, Ѓурчиев и Кроули.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но брзото ширење на оваа мутациска идеја (мем) од 1960 до 1990 година, беше резултат на масовната достапност на неврохемиската и електронската технологија. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 56
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој културен мем вклучува интелигенција, личен пристап до информации, антиидеолошко потпирање на здравиот разум, ментални вештини, зголемена свесност, интелигентен консумеризам-хедонизам, лични комуникациски вештини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Љубопитно ги голтам напишаните зборови и прескокнувајќи редови за што побрзо да стигнам до информацијата, читам погоре пишува:
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)