Откако го обиколивме папокот, а тоа траеше речиси до зајдисонце, на самиот крај од папокот на светот, здогледавме миракула Божја, слика невидена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Камената зграда штрчеше сред тажна панорама, чијашто боја остануваше од утро до зајдисонце сивопепелава.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пече, жече, очи премрежува. Денот се здолжил... Далеку е до зајдисонцето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Седеше на тераса до зајдисонце. Потоа влезе внатре и се фати за работа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- До зајдисонце има уште време, - продолжи Трајче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
До зајдисонце имаше уште два остена кога Трајче влезе во Мацково.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Затоа тој им велеше: - До зајдисонце една лира од твојата куќа да донесеш.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
И ќе им кажете и тоа оти ако до зајдисонце не донесат, ќе им го отерам преку планина сиот добиток, а тебе – му се сврте тој на Пецета, - ќе те заколам.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)