до (предл.) - гледање (имн.)

До гледање во Скопје, Кире! - се простив од карикатуристот од Монмартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
КЛАУС: Ми беше необично пријатно. Благодарам и до гледање.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МАРИЈА: До гледање. (Пауза.) Само ти значи ќе останеш вечерва, Симоне.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
АНДРЕЈА: Да. Сакаш со нас? (Пауза.) Ајде, до гледање. (Излегуваат.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)