до (предл.) - враќање (имн.)

Шеесет дена и шеесет ноќи траеше тој пат, од тргнувањето до враќањето, и јас ослабев сосем, кожата ми се затегна врз коските од телото, стапалата ми распукаа како калинки и крвавеа кога стигнав во Дамаск, на пазарот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Комбинацијата на автопати на податоци и проширена телевизија неизбежно ќе доведе до враќање на селската индустрија во форма на виртуелни разбои.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Од поаѓањето до враќањето поминале три години, три месеци и три дни“, велеше Моне Хенџо со чудно спокојство во гласот, со занес во очите, со чуден сјај на лицето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)