Согласно со погоре опишаниот систем за изразување на бројни вредности, писмото треба да се карактеризира со најмалку 27 знаци, ако илјадите се означуваат со помош на дополнителни дијакритички знаци кај основните симболи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Писмото со помал број на знаци од критичниот се дополнува до бројката од 27 знаци, при што се допуштаат симболи без фонетска вредност, а карактеристичен пример за тоа е грчкиот алфабет, кој содржи 27 знаци за изразување на бројните вредности со дијакритички знаци за изразување на илјадите. 90 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
По неколку поминати чекори затворив очи и празнината обрасната со пиреј и диво зелје ја полнам со куќите на Нановци, Дамовци, Пурдовци, Ласкини, Поповци, Доновци, Љаповци, Пинѕовци, Пеновци, Шкокловци, Трајковци, Наковци, Пандовци, Фиљовци, Гуљовци и другите до бројката 54 родови и куќи под чии покриви живееле 400 души и уште педесетина на гурбет отидени отаде големите води.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)