до (предл.) - сто (бр.)

Летале над езерото, пловеле во него и птиците шатор, кречман, белец, дива патка, превез, креја, гуза, шчипче и шатка, а обично во есен пловеле и летале дивите патки во јата до сто двесте, често проближувајќи се до брегот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Исто така се покажа дека знае да смета до сто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се поздравувам со стариот, и при тоа Господ не му го спомнувам, само велам да брои до сто и една и в рака му пикнувам кутија цигари и ќесе кафе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Како што гледаш, бројките на овој бројчаник одат до сто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Штутгард, велат доминираат фабрики и претпријатија со од пет до сто работници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)