врз (предл.) - отворен (прид.)

Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Крсте, кир даскале... - од устата името ми се откинуваше како липтеж и врз отворените тетратки ми капеа солзи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тука зрачеше старата жолта светлина врз отворените книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка, која бришејќи ја насобраната прав врз отворените книги во библиотеката и на чардакот, се чудеше на различните облици на лавиринти и со својата изострена интуиција, насетуваше дека сопругот бездруго замислува ново поместување на семејството, макар што тогаш границите на земјата беа херметички затворени, особено границата зад која остана нашиот поранешен живот, со нашата стара куќа, со роднините.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Мамо, што може да се купи со десет динари?“ - праша Благица држејќи ја врз отворената дланка жолтата, нова десетдинарка што ја беше добила од тетка ѝ.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)