врз (предл.) - негов (прид.)

- Човечки е да тажиме, синко, - ја положи својата тешка, татковска рака врз неговото раме доктор Коста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некаде во комплексноста на неговото битие броилото се превртело и нејасна магливост беше паднала врз неговиот вид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Отиде на оседлан коњ, Пролетни дождови врз неговото семе скриени во плодовите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ноќта, искачен на највисокото ребро на чатијата Мајсторот запеја и низ песната се мачеше Да ја дофати најубавата ѕвезда врз него, За потоа, кога ќе се врати дома, Да ја скрие меѓу навезаните цвеќенца на веленцето Со кое го покрива внучето За да му трепка врз неговиот сладок сон.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Денот, мерен на неговиот златен кантар, почна да натежнува врз неговата младост.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се разотиде народот од кај гробот на Сане Сандин, уверен на гласот ангелски, зашто божји знаменија кај него беше видел: сакаш сребрени облаци околу главата, сакаш златна роса врз неговите чевли.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последниве се засновуваат и врз неговата централна положба, што е како во географски така и во етнографски однос.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тој исклучителен момент на повторно доаѓање, чувствуваше многу јака желба да биде поседуван од друго тело, поинаква материја во која мислите под некој друг агол би паѓале врз неговите раце, агол под кој мозокот би му работел позабрзано или воопшто не би постоел, постигнувајќи со тоа доближување до сегашноста или некое друго место во кое би можел сопствената рака да ја види од поодблиску и подалеку а да биде тоа истата таа, неизменета во својата припадност и внатрешна предодреденост за таква и ниедна друга форма, а тој сепак да не го мисли тоа и да не мора да биде во тоа така што постојано да мора да се навраќа кон истите нестварни помисли кои го одвраќаат од блискоста со она кое го има заборавено - но чувствува дека може да го сети, бидејќи го насетува, кога успешно би ја совладал пречката, би се надминал себеси или нешто слично, би прешол од другата страна (на истото). 48 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Феминистичката мисла е „една теорија во развој за општествениот субјект од женски пол или во жена воплотениот општествен субјект, чија конституција и чиј начин на општествена и субјективна егзистенција најочигледно го вклучуваат полот и родот, но исто така и расата, класата и кои и да било други значајни социокултурни поделби и репрезентации; една теорија во развој за општествениот субјект отелотворен во жената кој е заснован врз неговата специфична, забрзана, конфликтна историја.“ (де Лауретис). okno.mk | Margina #1 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Извадив парче скаменет пешник со сламки од торбата на прогонетиот (бев гладен, можев и песок да џвакам) но Никифор Ганевски ми подаде парче црн леб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ми се стори дека перчињата коса врз неговото чело се од железо низ кое се проткајуват жилички сребро.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури тогаш таа можела да замине нагоре, меѓу буките, обѕрнувајќи се повеќе пати, со мечето по себе, оставајќи го својот бакнеж врз неговите раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не отворајќи ги очите, само се преврте врз неговите гради.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Лабаво е опуштен на мекиот стол, врз неговото вжолтено лице стои замрзната здодевност и рамнодушност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Снегот почна да се фаќа врз неговата топла облека, кога од зад дрвата се покажа човек. Беше зол и исправен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Осаменоста и безбедноста беа физички чувства, помешани на некој начин со уморот на неговото тело, со мекоста на фотелјата, со допирот на благото ветре од прозорецот кое си играше врз неговиот образ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Светлината што изгледаше посилна од обично, паѓаше врз неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Паунот ги беше раширил крилјата, небаре запрел божилакот врз неговото гордо издигнато главче.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
После ќе се потуриш со водата и пак човек ќе се сториш. Ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таксистот подголтнува по малку, веројатно си мисли „Што манијак примив во колава!“ и ги врти во главата насилствата врз неговите колеги што им се случија во последниве месеци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Наставникот ја спушти дланката врз неговото десно рамо: - „Влатко. Седни Влатко!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се сместивме удобно врз неговиот летачки килим и брзо ги надлетавме планината Бистра сосе сите нејзини потоци и шуми, сосе Мавровското Езеро и сите села и викендички околу него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Слетавме во темна, густа, длабока и миризлива, топла и леплива ноќ, индиска ноќ, крај океанот, во Гоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)