врз (предл.) - парче (имн.)

Самиот ли бил, пред да стане ова што е, некој друг и на друго место, иконописец под запалена борина, додека неговата свест таложела линија по линија врз парче оревовина?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сѐ се руши... и чинијата исто се превртува... тој се лизнува врз парчињата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Дамна низ животот Минав Сега сум знак На она што бев Плитко изрежан грев Врз парче Сушена Глина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Пладневното сонце светеше врз парчето земја, што беше обраснато со трева и се наоѓаше меѓу неа и херметички затворениот влез на визбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)