врз (предл.) - земја (имн.)

Обвиткана во својата аура таа сјае над просторот, предизвикувајќи разни природни влијанија врз земјата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И оревот го собрав - неисчукан сам си се истурил врз земјата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
4. Наведната врз земјата Сончогледите го слушаат напевот на црната боја И темнеат усамени и голи.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сенката на јастребот паѓа кружно врз Земјата од која извираат води како забранети љубови а човекот ѝ се покорува на жедта и кога ја порекнува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)