Тој си го избакнал детето во лулката, нежно ја прегрнал саканата, и таа цела ноќ го слушала како ѝ липа врз градите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
„Сестричке моја, сестриче мила, ѝ рекла жената на најстариот брат, од сè срце би им однела ручек на мажите, арно ама ноќеска некој ѓавол ми влезе...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Настојувал да го слушаат, гласот му бил строг, пепелав, сличен на неговата мовеста кожа. - Прекрстете му ги рацете врз гради.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Симон Наконтик, патник кон својот крај, повеќе тоа отколку судија и правда, се крстел со брзи, исплашени движења.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не, не можам... Тој ја исплука втората голтка врз градите на Глигора. Немој така, мили. - Остави ме.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Можеби самиот измислуваше. Но тој сето тоа го виде низ цепотината на иконата, брзо, во миг, и се исплаши, ја стисна иконата врз гради, падна на коленици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Влегов во собата кај дедо ми. Тој веќе беше заспал со дневниот весник паднат врз градите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)