Треба да се побегне од сето ова, од самиот себе, од сивите загрижени лица на минувачите, да се распливне човек и како смрт да биде неспособен да открие во човечките очи заклани соништа, да се распливне и да отпатува во неизвесност како облак во безоблик за да не гледа мртви птици во туѓи очи, за да не слуша крик во пресечени грла. И туѓи песни крик - Марлен, Марлен, Марлен!
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш не можеш да видиш каде грешиш, а во меѓувреме си заборавил дека во човечката природа е да се греши.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)