Но, чувствувам како токму со нив од некаде нападно ме гледа и не ми дава да уживам во одново воспоставениот ред.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Цви, значи, го гледа јасно Јехуда Макаби и неговите борци за ослободувањето од стегите на грчкиот владетел, паганот Антиох Епифан како победоносно, со фанатично пламнат поглед, влегуваат во одново слободниот Дом на Бога.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во таков случај, во одново создаденото писмо настанува замена на фонетските значења на системот на писмото-прототип со фонетски значења специфични за дадениот јазик и притоа се сочувуваат местата на знаците во алфабетската низа, кои се наследени од парадигматиката на писмото-прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Практично ретки, а можеби и целосно се исклучени случаите фонетското множество од едниот јазик целосно да се совпадне со фонетското множество на другиот јазик, обично, во секој од компарираните јазици се појавува извесно множество од звуци, карактеристични само за конкретниот јазик.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)