Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
До доцна во ноќта јас влечев навалени цртички, а постариот брат за цело тоа време ми се смееше, велејќи дека даскалот ме врати во прво одделение.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Една вечер, дури луѓето од тајфата си легнуваа да спијат, Веле потајно се искраде од колибите и отиде, сам во ноќта, на градилиштето.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се сети на запалените бензиски складови, на високите фонтани, на истрелите во ноќта.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш не беше далеку од тоа горнопланинско село, но селото во ноќта не го виде за да се сретне со некого кој подоцна, по игра на случајот, ќе ја измени неговата врвица.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Заспа доцна во ноќта со мисла: да стане со првата виделина и да ја испита трагата на ранетиот волк.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тогаш тој му се наведе до лицето, ослушна за час – во ноќта осем песната на штурците не се слушаше ништо друго – и му шепна: - Ќе одам на Младинскиот канал ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Можеби и таа не знае по кого вика во ноќта.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А кога во ноќта како пред огледало минатото се слее во иднината беспоштедно ме прогонат во мракот двете будни очи на вистината.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Откако ги заврши работите што беше предвидела да ги заврши утрешниот ден, само за да го следи Татко во ноќта, небаре да го преземе својот дел од одговорноста од татковото замислено патување, кое еден ден можеше да продолжи во реалноста, тивко се прикраде до неговата соба.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)