Висината на месечниот паричен надоместок за време на невработе- ност се утврдува врз основа на пресметаните и исплатени плати кај работодавачот, согласно со закон и колективен договор, и изнесува 50% од просечната месечна нето-плата на работникот за последните 24 месеци – за лице кое има право на паричен надоместок до 12 ме- сеци, а 40% – за лице кое има право на паричен надоместок подолго од 12 месеци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Имено, право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци (чл. 65, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„во непрекинато движење”, како што забележува Дишан, при што нејзиниот „постојан живот” е напојуван од „љубовното гориво” (веројатно нешто како „Per- petual Motion Food” со која се храни велосипедистичкиот тим во Мажјачиштето).
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Овојпат, по прв пат, настрада и најниското скалило кое овозможува исплата на паричен надоместок за стаж на осигурување од најмалку 9 месеца во непрекинато траење или 12 месеца со прекин во последните 18 месеца.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Паричниот надоместок на невработеното лице се исплатува: 1) еден месец – ако има стаж на осигурување најмалку девет месеци во непрекинато траење или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци; 2) два месеца – ако има стаж на осигурување над 18 месеци до две и пол години; 3) три месеца – ако има стаж на осигурување над две и пол до пет години; 4) четири месеци – ако има стаж на осигурување над пет до седум и пол години; 5) пет месеци – ако има стаж на осигурување над седум и пол до десет години; 6) шест месеци – ако има стаж на осигурување над десет до дванаесет и пол години; 7) седум месеци – ако има стаж на осигурување над дванаесет и пол до 15 години; 8) осум месеци – ако има стаж на оси- гурување над 15 до седумнаесет и пол години; 9) девет месеци – ако има стаж на осигурување над седумнаесет и пол до 20 години; 10) десет месеци – ако има стаж на осигурување над 20 до дваесет и две и пол години; 11) единаесет месеци – ако има стаж на осигурување над дваесет и две и пол до 25 години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Конкретно, скалилото според кое се предвидуваше исплата на пари- чен надоместок врз основа на стаж на осигурување од 15 месеци во непрекинато траење или 24 месеци со прекин во последните три годи- ни и она кое пропишуваше стаж на осигурување од 30 месеци во не- прекинато траење или 50 месеци со прекин во последните пет години преминаа во скалило според кое исплатата на паричен надоместок се врши врз основа на стаж на осигурување од 24 месеца во непрекинато траење или 36 месеца со прекин во последните четири години.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)