Убиените заедно со живи ранети во заедничка гробница земјата ги покри. А вината? Кој и што ја покри вината? ***
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Инстинктот на самоодржувањето и на козите и на луѓето беше слеан во заедничка отпорна сила што не можеше да се уништи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)