во (предл.) - готово (прил.)

Исто така во однос на цивилното население во документот се предвидувало тоа да се “третира со најголема учливост“, а земената храна да “се плаќа во готово“.273 На 16 октомври 1944 година мисијата Spike ја известува Force 399 за добиените инструкции од командантот на ВШ на НОВ и ПО на Југославија Јосип Броз Тито да не “се испраќаат понатамошни пратки за Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Истовремено од тогаш, кој како ќе измислеше да купува автомобил, било во готово или на кредит, јас парите ќе му ги приберев.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во Солун бил обичај купената стока да се плати во готово во првиот петок по извршената зделка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Околу 150.000 турски лири во готово и други вредности, како и поважните документи и книги, биле спасени 126.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Штета за парите што му ги дадовте во готово. Јас не ве понудив, сакате нешто да се напиете? (Пауза)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Последиците не биле сосема јасни а животот одамна го има поучено човекот дека е подобро со ново зло да му се затрупа трагата на поранешното, одошто да се плаќа во готово веќе сторената штета!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така се родил тој синџир на злото, нели? Не ви објасниле?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, отсега да знаеш: злото е создавано алка по алка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така го минував времето, ден за ден, речиси две недели – во канцеларијата на тој неинтелигентен човек, кој самиот себеси се сфаќаше сериозно, и, згора на сè, се сметаше за уметник зашто понекогаш – додека бев таму, тоа се случи само еднаш – го гледаа како стои крај масата за цртање, работи со моливи и хартии и црта некој расклапан предмет, полица за цвеќе или нов вид домашен шанк, некаква мака за новите генерации потрошувачи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко ми, како извршител на тестаментот, доби задача да ги исплати сите долгови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зад себе не остави ниту долг ниту пари во готово, ниту тестамент, ниту некакви наследници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секоја вечер кога уморен ќе се вратев дома, бев лут затоа што ми беше минал уште еден ден од мојот живот кој ми донесе само замор, бес и точно онолку пари колку што требаше за да работам и понатаму, ако таквата работа воопшто и може да се нарече работа: по азбучен ред да сортирам сметки, да ги дупчам и да ги прицврстувам во нова фасцикла, каде што трпеливо ќе ја поднесуваат судбината никогаш да не бидат платени; или да пишувам рекламни писма што безуспешно патуваат низ земјата и претставуваат само непотребно бреме за поштарите; понекогаш да пишувам сметки што некој можеби и ќе ги плати, дури и во готово.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Како и секогаш, тој и сега му ги понуди на везирот своите услуги и го моли да го удостои да го прими хронограмот што му го испраќа и што го составил со голем труд.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)