Посебно убав овој пејзаж беше во рана пролет, кога низ штотуку потераните никајци ќе потрчаа и ќе заблееја јагнињата, и доцна напролет, пред што ќе узрееја житата, `ржта и пченицата, и, потем, во зрело лето, кога во веќе узреаните жита, со своите живописни носии и гласовити песни, ќе се појавеа жетварките.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога Marion Muller ја напиша својата статија во веќе споменатиот број на „U&lc” :”Се чини дека Frere- Jones e надеж за иднината”, не можела да претпостави дека тој тинејџер толку бргу ќе ги надмине неизвесностите на почетниот стадиум на дигиталната сфера и дека ќе го најде своето место во срцето на современото фонт-дизајнерство. Frere-Jones уште од самиот почеток знаеше дека фонт- дизајнерството не е уметност која изумира, како што анти- компјутерските луѓе предвидуваа дека ќе се случи, туку дека ќе остане извор на креативно задоволство, интелектуална стимулација којашто има и значаен јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Од 1987 до 1992 година беше главен уредник на белградското (Нолитово) списание Дело, кое во тој период (особено со петте дебели броја посветени на Постмодернизмот) стана култно четиво за поеманципираната публика во веќе распаѓачката СФРЈ.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Поаѓајќи од фактот дека Турците стигнуваат на Полуостровот пред развитокот на градовите, нивното влијание ќе биде посебно означено во главните архитектонски решенија на балканските градови и другите аспекти на градскиот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XIV Како се справи Климент Камилски со новите париски книги во веќе претесната и исполнета куќа со други книги во градот остана долго време мистерија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Содржината од едната епрувета веднаш ја истурив во веќе измешаната и приготвена International Postal Art Soup, додека содржината од другата епрувета си ја истурив себеси в уста, а потоа со помош на системот уста на уста содржината му ја предадов на Lazer, од што овој „воскресна”, застана на масата, а потоа го истури црвеното вино врз масата цитирајќи познат дел од библијата: Јадете, ова е моето тело, пијте, ова е мојата крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Периодот на депресијата во Америка, Христов го минал во Њујорк работејќи како слободен писател, притоа минувајќи низ тешки искушителни кризи што авторот ги проследил во веќе споменатиот напис: Пред Депресијата јас не знаев што се тоа тешки времиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Сега, додека стоеше пак на прозорецот, загледан во веќе речиси зарамнетата дира на оние, што заминаа, на Змејко пак му се стори како да го виде тоа зачекорено човече, поклапушено од високата јака на кожниот ќурк и пак ја сети во себе желбата нему дури и да му намавне.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Чувствува дека разговорот нема да биде пријатен”, се насмевна есесовецот и потем стави маска на рамнодушност на лицето, седнувајќи на бирото и гасејќи ја цигарата токму во моментот кога на вратата, со паларијата в раце, се појави градоначалникот Карер.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Нешто пред договореното време, тој го виде Карер како застанува под прозорецот и во веќе видениот ритуал, го отвора тешкиот капут барајќи си го часовникот што го извади од џебот на елекот, го погледна, потем го нави, го ослушна, го врати наместо, ја намести паларијата и зачекори кон долниот влез од просториите на СС командата на островот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не да го украдеш, односно да го плагираш, додека уште не е објавено, било да е оригинално или преведено или преработено или компилирано; туку да го побараш во него она што не си го нашол во веќе печатените и прочитаните, да го побараш макар и не го нашол, оној клучен збор со кој ќе ти се објасни сè, ако воопшто го има.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Барајќи меѓусебно проникнување и непреченост помеѓу звуците, тој се одрекува од хармоничноста и од нејзиното спојување со звуците во веќе утврдениот однос.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во тој миг, погледнаа во веќе наоблаченото небо.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Настанот со случајно откриените знамиња, во чеизниот ковчег на Мајка, внесе голем немир во веќе смирената душа на семејството, привикната на двојноста на егзилот, на мачното, но достоинствено приспособување на новата средина која ги прифати нашите судбини, без поголеми потреси за нивниот натамошен тек. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)