во (предл.) - вечно (прил.)

Се искривоколчила природната оска на овој човек од премногу свивање, му се разнебитил духот, препуштен на функцијата на преживувањето, во вечно променливата сталински хиерархија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Душата, е синко, во вечно создава­ње... Така говореа Татко и Мајка за душата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Притеснети во вечно променливите и неизвесни балкански граници, книгите ни го ширеа просторот, нѐ пренесуваа во далечините.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XVIII Да се откриеш кој си, од каде идеш и каде одиш, во вечно сплетканите балкански корени, не било никогаш лесна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)