Искрено љубев, чиста, бистра голтка љубов која ги обзема нашите срца, нашите светови кои се сплотија во вечно сонце над нашите животи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Те изгубив еднаш, ќе издржам да те изгубам уште еднаш, крајот не беше вчера, не е ни денес, никогаш нема ни да биде.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Колку само сѐ е банално, рече неговиот пријател, колку се излитени улиците по кои секој ден одат на училиште, колку се здодевни нивните животи стегнати во вечно повторливото секојдневие на провинцијата во која сме заробени со своето раѓање.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки. Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот. „...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Минувајќи убав дел од животот во вечно читање и проучување на француската книжевност, како дел од мојата професионална вокација, во текот на годината влегував во преписка со познати француски поети, есеисти и мислители, кои се канеа на меѓународниот поетски собир во Струга.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од овде започнуваа сите мои излези кон Европа и светот, следејќи ја хармоничната еволуција на големите пријателства во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Живееме во вечно проклетство.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Сѐ беше во вечно заминување во кристално чистата оаза на планетата Земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Трајната татковина никогаш не ја стасавме, таа секогаш ни беше во вечно одминување, во забрзано движење, но никогаш вистински допрена.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Но сè додека има луѓе, ќе се сеќаваат на душата. – А што ќе ги тера луѓето да се сеќаваат на душата? – Душата е, синко, во вечно создавање... таа е секаде!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)