Имаше такви луѓе во Гнездо: лежеа на креветите, а насмевка им трепереше на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Има луѓе кои не можат да ја поднесат болната реалност, и се вовираат во еден потполно измислен свет, се губат во својот внатрешен сон во кој острицата на сечилото на болката не само што е затапена, туку сечилото е во потполност стопено; се губат во внатрешен сон во кој трепери остварувањето на секоја желба, а и желбите се разлеваат, или се стеснуваат до една единствена точка – да бидат во блажено мирување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)