Јас веќе сосема ги имав пленето сите во класот со мојата уметност на разбојот, и бидејќи изведував секакви вратоломни фигури на разбојот, бев еден вид општ херој (освен за Луција, која од инает не ми посветуваше никакво внимание; јас веќе реков дека тој инает тогаш не го сфатив онака како што требаше, како маскирана наклонетост, оти бев во бестрага чесен и неупатен во општествено верификуваните ритуали на маскирање на чувствата, па за мене инаетот значеше – инает и ништо повеќе).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Толку години додека тој ја водеше не се пролеа ни капка крв на фронт (ако не се смета почетокот на деведесеттите, ама тогаш тој не ни беше на власт), дури ни кога беше најжешко, а сега, за неколку месеци, може сè да оди во бестрага.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)