во (предл.) - траен (прид.)

Тие претставуваат несомнен придонес во развојот на нашата новинарска мисла и се вградуваат во трајните остварувања на македонската журналистика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ефектот ќе беше сосем ист доколку трите супер држави, наместо да војуваат меѓу себе, се договореа да живеат во траен мир, секоја од нив незагрозувана во своите сопствени граници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Прогонетите Сефарди од Шпанија ќе го понесат како трајно богатство својот јудеошпански, во трајниот егзил во медитеранските земји.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еве, мој пријателе, јас би завршил со инаетот, не можејќи да му го утврдам местото во трајната балканска меморија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Третирањето на поимот инает зазеде повеќе место и време отколку што очекуваше Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие ќе го сочуваат зачуваат нивниот кастилијански јазик, кој ќе еволуира во повеќе јазици (еспаниол, ѓудезмо, јудио, ѓидио, шпањолит, ладино итн., но ќе се развијат и јудеофранцуски, јудеоиталијански, јудеотурски и други).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа настојува да ги одржи тие меѓусебно опречни вредности во трајна, противничка рамнотежа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат. ‌Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секое такво страдање секогаш е, како вистински настан, ограничено на сегашноста; значи, тоа е само минливо и затоа не е премногу тешко; преголемо станува само тогаш кога прераснало во трајна болка; но како такво, тоа сепак не е ништо друго освен мисла и затоа лежи во помнењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во сите години на потрага во пределите каде што се градеше Беломорскиот канал, мене ме држеше во трајна будна свест патувањето на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)