Во акционерското друштво „Алумина“ – Скопје, кадешто имаше околу 600 вработени2 – според систематизацијата на работните места – Анчевски работеше како ВКВ столар, во столарскиот погон на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прво ликовните експерти, со своите вперени погледи како телескопи и со долгите нокти на малите прсти остри како пинцети, почнаа да копкаат по слоевите бои и да пронаоѓаат по нешто на неговите платна: те однос на светлина и темнина ваква, те однос на бои ваков, а не таков, те потег од оној сликар, те композиција од овој, нанос не од четка туку од шпахла, па дури и елементи што не спаѓаат во сликарски бои ами во столарски отпадоци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Поранешниот работник Илија Анчевски од Скопје (сега 70-годишен) беше вработен во државната фабрика за алуминиумски полуфабрикати, метални конструкции и ентериери „Алумина“ со договор за работа на неопределено време уште од далечната 1961 година – 36 години пред да настане конкретниот работен спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)