во (предл.) - сончев (прид.)

Во сончевата топлина и испарнината им олеснува на планините и... на луѓето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ниту приказните на Кети за мудроста и дарежливоста на природата, ниту утрото што беше накиснато во сончева светлина, ниту цвеќињата што се нижеа како да сакаа да ја утешат, не можеа да ѝ ја свртат мислата од кризата која толку бргу и толку нагло влезе во нејзиниот брак.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Собата се капеше во зраци од злато, во сончева светлина што се протнуваше низ мрежестите пердиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И навистина, во тој миг птицата излета нагоре, како некој метеор, и се изгуби во воздухот потопен во сончева светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Мирнотијата на езерото во сончевиот ноемврски ден, прекинувана во правилен ритам од удирањето на веслата во водата на Александар му остана во сеќавање како најгрозен звук што го слушнал во текот на целиот живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но, имаше време, а имаше и место за да го стори тоа толку споро, и неговото движење да не се разликува ни малку по својата незабележливост од она споро движење на сенката околу дрвото во сончев ден. Така ги очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Целата шума како да беше еден огромен кристал во сончев ден и зрачеше со некоја неземна незаборавна ведрина и мекота со сите свои бели гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така, чувствувајќи се само по дишењето колку да знаат дека се тука, еден по еден влегуваа во сонот и се разбудија во сончевиот ден.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сонцето и на поетот му треба во сончева песна да го стави и убавината на светот да ја слави.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
„Можеби Елена е белото крило на езерското утро Во сончева виулица престорено жена“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Погледна накај Иван и Ивана седнати на подѕидокот, Ивана уште незакрепната од грипот, немаше волја ниту да зборува, на сите им беше необично дека молчи, подмижната во сончева светлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ноќ и ден и години долго млечни дождои ќе бидат И во сончеви порти кога ќе влезе Андромеда Урна и дрво како скаменети близнаци ќе види.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)