Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ова треба да значи дека јас сум уверен оти никој не е во состојба да го измени движењето на неминовноста, или, да бидам уште поодреден, да ја префрли таа неминовност во слеп сокак!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Се мислам дека истиот е населен од многу што сакаат со позајмена статусна позиција, што би рекол Вендерс „...да летаат низ ноќта во слеп полет без инструменти, но на крајот да се приземјат таму каде што избрале да бидат.“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Глигор тоа не можеше да го стори, тој ја чувствува како се расплиснува крвта, како лудо удире во слепите очи и таа непокорност на крвта го тера да ја бара вистината за човечката совест.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога нашите очи за првпат се сретнаа во препознавање, се сетив на Париз и долгите мерцедеси кои пловеа низ дождот кон Нотр Дам; мобилни стакленици, со јапонски физиономии зад стаклото и стотици никони кои се дигаат во слеп фототропизам, цветови од челик и кристал.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Шашливите очи се крстосуваа и гледаа - и во слепиот ѕид, и во улицата.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)