Секоја од инсталациите на Кабаков од крајот на 1970 е резултат на ситничав процес на созревање, со скицирани монтажи налик на цртежи на еден архитект, белешки, нацрти, и сето тоа соединето во скромни фотокопирани досиеа, старомодни регистри на документи кои служат како каталози за инсталациите.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Скопската митрополија и нејзините области се припоија со Охридската архиепископија, а скопскиот митрополит, немајќи повеќе каде, живуркаше во скромната црква Свети Јован Претеча, некаде на крајот од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Седнуваш во својата нова кола, возиш на периферијата на градот, по час и половина паркираш и влегуваш во скромната џамија.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во штабот на „Пелагонија“ Штабот на „Пелагонија“ и „Ударник“ се наоѓа во скромни простории, во една станбена зграда, во центарот на Франкфурт.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Малку да се проговори, а многу да се каже, тоа е нашата раскажувачка традиција која се трансформирала во скромни зборовни стебла засадени во родното огниште, кои фрлаат толку раскошни сенки што да се покрие (и да здивне од задоволство и убавина!) сиот свет со нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И со тоа завршува средбата, а Милдред и Веда се враќаат во скромниот бунгалов.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да, ова побелено, безабо, испиено старче беше Ѓорѓи Прчев, големиот актер на повоениот македонски театар, необјасливо исчезнат од својата комфорна куќа на Водно, сега пред смрт во скромна католичка болница за сиромашни во далечната Индија.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)