во (предл.) - семеен (прид.)

Онаа истата што татко ми безброј пати ми ја покажува и којашто и денес ја чуваме во семејниот албум.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие на долго и широко расправаат со речникот на кец и двојка и како само за една утакмица ги заебал некој второлигашки анонимус со кој доколку го фателе ќе затнеле некоја од дупките во семејниот буџет или би ги лупнале истите пари на сингл па би ќариле дупло кеш со што би избуткале уште некој месец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Оние од Татко, се создаваа од митот на вечното заминување, а Мајкините, се одржуваа во семејниот мит на вкоренувањето, на враќањето...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Семејните драми компулсивно се одигруваат претерано, се преувеличуваат крајно несразмерно со сето она што видливо го засегаат, па оттука неминовно се и театрални.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најпосле, токму лажноста на чувствата искажани во семејните судири е тоа што, во комбинација со нивниот екстравагантен израз, им ја побудува насилноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во минијатурниот свет на семејството, меѓутоа, нема ништо иронично во однос на изведбите било на љубовта, било на омразата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гледан сам по себе, сосема е невистинит.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гледачот кој е геј- маж, ексцентрично сместен во однос на канонската форма на семејството јадро, исто така има поголеми изгледи од стрејт-жените и од стрејт-мажите да негува иронично гледиште кон драмата на самиот семеен судир.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, во смисла на фактичката вистинитост, не е баш искрен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Она што се изразува во семејните судири речиси неминовно го надминува она што навистина се чувствува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се џарев лево-десно ту во семејните сликички начичкани како плева по рабовите од креденецот, ту во препарираната мечкина глава закачена за ѕидот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Следеше слаткиот дел на ручекот, раскошно подготвената баклава на госпоѓа Камилска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно постојат имиња на многу јадења кои не допреле во речниците, останале во семејната меморија, преживеале, како и тикушот, или исчезнале засекогаш...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата баба ја исполни куќата крај Езерото со своето младо, живо и моќно присуство, успевајќи со својата тивка моќ да ја совладува семејната патријархална доминација, која дедо беше немоќен да ја одржува како во првиот брак, да влее нова крв во семејниот крвоток.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа како да беше бројка во семејното мнозинство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ако ни го откриеја знамето, само Господ ќе знаеше каде и како ќе завршевме, си мислеше Татко, макар што никогаш, како Мајка, не го мешаше Бога во своите и во семејните работи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но зборот Ла Ринашенте остана во семејниот речник, остана долго да одѕво­нува во нашето сеќавање, со старото неизменето значење што го имаше за Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, за миг, свесен дека уште еднаш се разминал со смртта во својот и во семејниот долговечен балкански егзил, смирено ја запраша Мајка што прави со сликата на Сталин, додека луѓето од полицијата излегуваа низ пор­тата со сознанието дека во нашата куќа ја има само сликата на непобедливиот Тито.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој огранок на едно од шесте најголеми семејства во Албанија (барем така се веруваше во семејната легенда), по престојот во Влора, на крајот ќе се најде во Тирана, обединето но без Мајка, која ќе следи друг пат на судбината, мажена кај Сул-Старови, кај друго големо семејство на Албанија, во крајезерскиот Поградец...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оваа библиотека се појавува како лик во семејниот роман на Луан Старова.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие два тека се испреплетуваа трајно, завршуваа во семејниот лавиринт.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дури ноќта, несоницата со цвилежот на запалената кучка те тера да ги протеруваш нечесните демони од себе, да се тресеш од лазењето на инсектите по жилите, да завиваш под јорганот, додека на стотина метри од твојот кревет, гледачите пред провинцискиот театар, уредно наредени во семејни кругови, чекаат да ги подадат билетите за вечерашната премиера.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Моите се раздвижија. Повторно уживавме во семејните вечери, дури ја чув мајка ми како си потпевнува.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И да речеш и да не речеш: папочната врвка вистински постоеше сето ова време и севезден беше оптегната како бројаница во семејниот музеј на взаемни нежности и љубови.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Се чувствував принесен во семејниот апокалиптичен круг на жртвувањето.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)