Моторите веќе бучат. По малку авионот се крева во пространото небо. Мими е
уморна од патот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тој полека ја внесува во пространата соба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И вратата тресна страшно, во пространа училница во која, налактено, ме демнеше погледот на сосема трета, крупно настроена девојка...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Единствено место од кое можеше да се влезе во пространиот двор беше големата дрвена порта.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Центарот беше обезбеден со три стражарски места и со видеокамери поставени на високи метални шипки, со што во одделението за наблјудување и алармирање можеше да се забележи секоја промена и движење во пространиот двор, во паркот и надвор од оградата, во појас од десетина метри.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Крцкав звук на неподмачкана врата. Тежок, густ мирис на свежа боја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Еднаш до двапати неделно нашите мајки нѐ бањаа во пространата кујна, која што беше единствена просторија каде што подот беше од истапкана земја.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мирно прошетува со поглед во пространата кафеана и, некако, небрежно и повеќе се задржува во длабочината од каде што јурат нескладните звуци на оркестарот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)