-Ти си замаен само во привремената привлечност на страстите.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
По еден месец ѝ се јави од Италија. Ѝ пишуваше дека е здрав и жив и дека со некој си другар што биле порано во интернатот, ја минал кришум границата и дека сега се наоѓа во привремен логор, во кој ќе помине извесно време, а потоа ќе замине за Америка.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Воздухот во Лос Ангелос ја потсетуваше што им се случува на децата во привремени дом-семејства приквечерина кога ќе се соблечат, ја потсетуваше на нештата кои се прават со јажиња и парчиња метал во доградени бетонски гаражи додека автопатот ита во позадината како евтина музичка тема.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се приклучила кон сонародниците во ноќта на 11 март 1943 година, со нив била транспортирана во Скопје, затворена во привремениот логор за македонските Евреи во скопскиот монопол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)