Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ќе го ослободи од овие камења на душата што мора да ги носи, од овој пелин во устата што го подголтнува сѐ поубеден дека местото веќе не му е во привидниот мир на овие улици...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)