во (предл.) - празничен (прид.)

Нешто што, велеа, им останало во крвта уште од времето на комитите, кога тие, на очиглед на Турците и предводени од Михаила Акиноски се учеле да нишанат, а кое, денешниве власти, во согласност со потребите на општонародна одбрана, усрдно го помагаат - и тогаш кога Потковицата беше полна со мажи, а и сега, кога е останат уште само некој од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И во нив, во вивките, за таа цел наметнати со стари шинели, украдени од сите војски што поминале низ Потковицата, во празнични денови, преку целата година, стрелаа возрасните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Убаво е да се чекори по посланиот снег во празнична безделница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Напред одеше селанец во празнична носија на Блатието и тој носеше дрвен крст со испишаното име - Сандри, син на Тајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ноќта ја минале со молчење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Знаел зошто Куно Бунгур не може да заспие: кога Фиданка Кукникова ја донела ракијата и ја оставила дружината да пие за среќа на нејзиниот протеран маж, му се насмевнала. Нему, на тој млад и чувствителен човек.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега му се одолжувале на покојникот за прикаските со кои ги обогатувал во Кукулино во претпразничните ноќи или во празничните попладниња и брзале да бидат мудри како што бил тој некогаш.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4 Во празничната мугра во која од земјата испарувале ноќните сенки и се кревале кон разредените облачиња без движење, над мртвите ридишта останала само уште една ѕвезда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу другото, во емисијата се претставуваа и млади жени во празнични носии, чудесни уметнички творби.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Среде апарtтманот се наоѓаше еден телевизиски приемник кој беше активиран и одненадеж на екранот, со големи букви беше напишано едно име на кое не можам со сигурност да си спомнам дали беше Македонија или Монастир (и покрај моето незнаење знам дека е тоа старото име на Битола).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таквите работи се правеа во празничен ден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Да го ставеше пред малку, шетајќи крај кејот во обичен, а не во празничен ден, ќе мајтапеа со него.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)