во (предл.) - популарен (прид.)

Ние, кои на театарот гледаме како на вредност, односно значење во популарната култура, ќе си дозволиме да кажеме дека нашите театарџии имаат затнати носеви, всушност, немаат нос за театар.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Желбата го минува прагот кој го наметнува прин­ци­пот на задоволство и се позиционира во однос на лимитот, границата што ја пронаоѓа и препознава, а самата релација спрема таа граница ја одржува како таква.5 Една од елементарните шеми во психоанализата на Жак Лакан претставува кружницата на задоволство, но прекината со она што во неговата алгебра се нарекува објет петит а.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Исто така, таа е парадоксална со оглед на медиската изложеност на глобалната поп- култура која, иако воспоставена поради својата „употребна вредност“ или, повеќе, „прометна вредност“, сепак функционира како дисплаѕ-роба со која сме маѓепсани и кога која било можност за поседување ни е вон дофат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На тој начин и уметноста возвратува („fights back“) и повторно ја освојува својата територија на која со поп-културата развива еден однос на взаемно интерпретирање.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, исклучивоста спрема популарното исто така е продукт на аутизмот, и тоа оној псевдо-елитистички, и таа кај нас е посебно парадоксална имајќи го предвид тенкиот слој на интелектуална елита, и уште потенкиот на онаа која и економски е обезбедена.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Нагонот на смртта е клучен за развојот на Фројдовата идеја за психичкиот живот „од онаа страна на принципот на задоволство“ бидејќи „принципот на задо­волство е тенденција којашто се наоѓа во служба на некоја функција на која ѝ припаѓа задачата душевниот апарат потполно да го ослободи од возбуде­ност или количината возбуденост да ја држи што пониска или константна“.3 Во заднината на овој принцип Фројд гледа „умртвувачка“ функција, која има удел во општото настојување на сето живо да му се 3 Сигмунд Фројд, С оне стране принципа задоволјства, Нови Сад 1994, стр. 164. 174 okno.mk врати на мирот на анорганскиот свет (фамозниот нагон на смртта).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во доменот на Damien Hirst: „Одделчена од стадото“; „политичката естетика“ тоа наликува челик, стакло, јагне, раствор од формалдехид, на балсамираното тело на Ленин 96х149х51 см, 1994 бидејќи упатува на идеолошкото значење на „оддржувањето во живот“ како илузија за „оддржување на среќата“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Делото на Хирст е органска скулптура („озлогласено“ присутна во поно­вата бри­тан­ска уметност, нпр. во автопортретите од крвна плазма на Mark Quinn), а мумифицираното тело на овцата упатува на смртта токму низ претставувањето на „очајничкиот“ обид да се задржи претходната состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Телото на Ленин, за да остане нераспаднато, периодично мора да се изнесува од саркофагот и одново да се „освежува“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако еден од најкомплексните поими на Лакан, објет петит а во случајот на кружницата на задоволство би можел да се означи како инци­дент кој е во служба на кршење на психичкиот закон за задоволство бидејќи среде кругот, кој штотуку не се затворил, ја воведува непријатноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бидејќи геј-мажите добиле прием во популарната култура токму со ставање во заграда или со обезважнување на карактеристично сексуалните димензии на нивните животи – видете го само успехот на филмовите и на телевизиските серии како што се Филаделфија, Вил и Грејс, Настрано окце за стрејт-дечкото, Кирија и Планината Броукбек – низа гласови се кренаа да го поддржат приговорот на Ворнер против десексуализирањето на геј-мажите. И јас придонесов кон таа критика, па нема да ги разврзувам тука истите претходни аргументи.102
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие не би оделе да го чујат Шуберт или Шопен.(...) Но поради својата природна вклученост во популарната музика и преку Cramps-овата реклама беа довлечени да дојдат на мојата програма.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мислам дека Allan Bloom не згрешил кога, очигледно разочаран, запишал: “Студентите можеби не ги интересираат книгите, но затоа okno.mk | Margina #32-33 [1996] 98 се најдлабоко приврзани на музиката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе во претходиот параграф е најавено дека најмногу ќе зборувам за популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со малку еуфоричност можеме буквално да констатираме дека во популарната култура со некои ограничувања (што ги диктира нејзината форма и е секако добро да се знаат) се изразува сета богата комплексност на светот: можностите, чувствата, надежите, желбите, вкусовите, значењата, историите, теориите, политиките, итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)