Завладеа тишината. Татко му дотури во полупразната чашка ракија на Камилски и ја наполни својата. Наздравија, но секој во себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И така еднаш таа, познатата опасна девојка или помалку познатата можеби во овој град (како можеше таа да биде позната во овој град?), влезе во полупразното кино и седна во деветтиот ред, на третото седиште.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Како и обично, во полупразната чајxилна најпрво завладеа нетрпелива тишина, која ненадејно беше прекината од молскавичниот грмеж на другарот Т.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Перса си замина во својата одаја, а Пелагија во полупразниот кревет.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Во полупразната чаша, во која светка верверичкото вино, бубачката плива и безуспешно се обидува да се искачи по проѕирното стакло.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Седеа в соба, едниот тихо свиркајќи некоја неодредена мелодија, другиот загледан во полупразна чаша.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)