Крајно внимателно, динамитот во мали пакетчиња, гемиџиите првин му го предавале лично на Милан, но, гледајќи дека тоа е опасно, го ставале на определено место во тоалетот на вагонот, а Милан го прибирал во погодно време, по тргнувањето на возот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кога се врати дома, исто така, ја фрли несмасната книга на каучот, решен да ја земе да ја листа и разгледува кога ќе мисли дека е во погодно расположение за тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога двајца луѓе, маж и жена, си се восхитуваат, ако се во погодни услови, завршуваат во кревет.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кога ќе се најдев во погодна позиција на патот, кога шоферот запираше пред чешма да се олади прегреаниот мотор, добро ќе се напиев вода, речиси до изнемоштеност, како да ми беше мевот резервоар преполн само со вода, зашто којзнае кога ќе ми се укажеше нова можност да се најдам пред друга неконтролирана чешма.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
За извршување на набележаните задачи биле ангажирани: 41. дивизија требало да ја нападне и разурне комуникацијата Прилеп-Велес и во погоден момент да го заземе Прилеп:
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Научи наутро неколку туѓи шеги и умеј да ги кажеш во погодно време... 122 okno.mk Има и друг начин да се говори забавно без памет, само нека јазикот ти е виток и жилав; но, тоа е тешка наука, која само од жените може да се научи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Младиот човек, кој зборува паметно е мошне глуп во отменото општество, а ти треба да бидеш забавен; најголемиот дел од жените сака папагали; сакаш ли да бидеш сакан од тие жени - труди се да зборуваш како папагал и ќе стекнеш глас на шегаџија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)