На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред тоа, во последната битка за градот, влезе во пламеното оро, пркосно исправен во метежот на истрелите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)