Без ни малку достоинство го разлеваат изворот на лакомоста, среброљубието, алчноста, зависта, предавството, љубомората, прељубата, желбата за моќ и богатство, себичноста, зошто повеќе не знаат што сакаат, нивната суетност е нелагодност на умот, нестабилност и постојан немир, без чувство за осет зошто не знаат како да ја задоволат нивната ситна душичка и светот го претвараат во пеколен амбис.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Отпрвин ќе го фрлиме во пеколна агонија дивиот молох, твојата и нашата несреќа.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ме очекува уште менталната тортура во Атеистичкиот музеј во Скадар, како можно чистилиште во пеколното патување, каде што душата би требало конечно да биде исчистена со идеолошката моќ и триумфот над троверјето со устоличување на Водачот како Бог.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)