Зад нив, во осветлениот излог, блескаа телевизори, машини за перење, бојлери, дури и електрична гитара – избран предел за мамливи приказни, преполни со прижелкувани успеси.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Повремено застануваше на место и гледаше во осветлениот прозорец над него.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го забуца лицето во осветлениот грст.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се повлеков два-три чекори, а сепак уште извесно време останав во осветлениот круг.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Понекогаш, навечер, го среќавав пијан во улицата; се нишаше и зјаеше во осветлениот прозорец на инспекторот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во осветлениот излог, нареден со лозови и стотки, лежеше табла со златни букви - и ти можеш да станеш милионер.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со таа грижа, грижа на утрешниот ден, ја притвораше портата зад себе и се вѕираше во осветлениот прозорец од кујната.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Стискајќи ја цигарата со тврдите усни, тој чкрапна налутено со ќибрит и го забуца лицето во осветлените дланки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Којзнае какви слики им се раѓале во осветлената вода, какви врати им се отворале, какви непознати премини.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Бреда ми зборуваше за вас“, рече додека ме воведуваше во осветлената, засводена ординација.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Проценувачки ме набљудуваше за момент, мрморејќи „да, да“ себе си во брада и тогаш, со помош на медицинските сестри, госпоѓицата Арцибалд и госпоѓицата Сливовиц, ме проведе низ серија тестови кои би збуниле и космонаут.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)