Учествувале и во бугарското Априлско востание, во Руско-турската војна од 1887-та, кога и биле одликувани од бугарското кнежество за покажаното геројство, во македонското Кресненско востание 1878-та, кога по задушувањето на востанието, одново се вратиле во Бугарија за да ги изгубат животите во 1885 година во односната Српско-бугарска војна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бирото работите од својата надлежност ги извршува преку: а) директор на Бирото [владин агент]; б) лица овластени од Владата, на предлог од владиниот агент и в) вработените во Бирото (чл. 5, ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Интересни се два инструмента кои и стојат на располагање на на- шата држава за спогодбено разрешување на спор кој, преку аплика- ција, стигнал пред ЕСЧП: 1) Спогодба за пријателско решавање на предметот е изјава со која Владата на РМ се обврзува да му исплати на жалителот определен износ на парични средства или пак, преку домашните судови и државните органи, да преземе извршување на определени дејствија, за сметка на што жалителот се обврзува да престане со натамошни постапувања и барања пред Судот против РМ во односниот предмет, со што се постигнува конечно решавање на предметот; и 2) Еднострана декларација како изјава со која Владата ја признава сторената повреда на РМ и, ценејќи ги фактите и околностите на предметот, ја изразува спремноста да исплати одреден паричен износ – понизок од понудениот во спогодбата за пријателско решавање, со што се постигнува конечно решавање на предметот (чл. 2, ст.1, ал.2-3 од ЗЗРМПЕСЧП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)