Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ги гледам како им зграгоруваат срцата во оплакување на загинатите, во трепет и страв за се уште живите и во несигурна надеж.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)